Спасувањето на крокодилот кој 5 години живеел со гума од мотор околу вратот
Крокодилот станал познат во индонезискиот град Палу, затоа што често бил гледан во реката со гумата околу вратот. После многу обиди за негово ловење со цел да му ја извадат гумата, дури сега конечно успеаја да го фатат и да му помогнат.
