Спектакуларната ерупција на вулканот Попокатепетл го потресе небото на Мексико и локалните населби
Вториот по големина и најактивен вулкан во земјата, чие име од ацтечкиот јазик е преведено како „планина што чади“, во последните денови исфрла вжештени фрагменти, како и пепел, пареа и гасови на голема височина. Вулканот Попокатепетл, кој се наоѓа на 50 километри источно од Мексико Сити, повторно се разбуди во декември 1994 година и оттогаш е активен. Се издига на 5,4 илјади метри надморска височина.
Изминативе денови тој видно се засили, исфрлајќи на голема височина вжештени фрагменти, како и пепел, пареа и гасови. Од четвртокот, поради паѓањето на пепел, државните власти на Пуебла ги затворија училиштата и ги советуваа локалните жители да ја намалат изложеноста на отворени простори, да користат маски и да ги затворат прозорците во своите домови.
Беше донесена и одлука училиштата да се префрлат на онлајн учење во 40 општини во Пуебло и во некои области на државите Мексико Сити и Тласкала.
Аеродромот на главниот град на Мексико соопшти дека 207 летови биле одложени или откажани во текот на викендот поради активноста на Попокатепетл.


















Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно