Спортскиот коментатор реши да „работи од дома“ откако започна пандемијата

На многу луѓе им беше кажано дека поради пандемијата ќе мора да работат од дома. Сепак ова не е изводливо за сите зарем не. Особено ако се откажани сите спортски настани, а вие сте спортски коментатор.

Шкотскиот спортски коментатор за Би-Би-Си, Ендру Котер – кој главно опфаќа голф и рагби, реши да се пошегува на своја сметка и на социјалните мрежи објави видео во кое што го коментира натпреварот помеѓу неговите кучиња. Што мислите кој ќе победи?

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.