Срцезатоплувачки фотографии од мало девојче со нејзиното куче кои нѐ водат во светот на бајките

Не постои врска како онаа помеѓу децата и нивните миленици. Тие меѓусебно се учат на пријателство, добрина и емпатија, но совршено одговараат и за разни забавни авантури.

Фотографката Робин Чавез Бразил совршено ги доловува сите тие чувства во серијата разиграни и впечатливи портрети на нејзината ќерка Равен и нивното вдомено куче Џек. Судејќи по преслатките фотографии, парот е неразделен и се чини невозможно да се фати момент без Џек да биде таму, како вистински посветен пријател.