Срцезатоплувачко видео од човек кој сакајќи да спаси 1 маче на патот, добива „мачешка заседа“ од 13 мачиња
Еден човек од Луизијана застанал да му помогне на маче покрај патот, за потоа да го „нападне“ цела група мачиња, на кои на крајот им помогнал да си најдат дом.
Видеото на кое Роберт Брантли спасува 13 мачиња во јуни, неодамна повторно се појави на Твитер и гледачите се исто толку среќни што го гледаат како и првиот пат.
Брентли се возел накај дома, во сојузната држава Луизијана, кога налетал, како што тој си мислел, на едно маче.
Неколку моменти подоцна, Брентли сфатил дека тоа било многу повеќе од едно маче.

Веднаш добил заседа од толпата мачиња, кои со нетрпение го очекувале неговото внимание. Мачињата се забележани како скокаат преку тревата и возбудено се собираат околу неговите стапала.
„Мислев дека спасувам само едно“, се слуша како вели тој во видеото.
Таткото на две деца на крајот ги собрал сите 13 мачиња во својот автомобил и ги однел дома.

„Јас не бев подготвен да ги земам, но не можев да ги оставам ни мртви“, изјавил тој. „Значи, ги натоварив и ги донесов дома каде што се погриживме да бидат здрави и да добијат добар дом“.

Еден ден подоцна, тој сподели видео од неговиот автомобил преполн со мачиња кои чврчорат, додека тој разиграно вика: „Мојата тактичка Хонда не беше подготвена за ова“.
Семејството Брентли му помогнало на друго куче кое штотуку добило кученце на истото место каде што биле пронајдени мачињата.

Успешна мачешка ,,заседа,, во исто време преслатка, проследена со смешниот коментар на господинот.
Коментирај анонимно