Срцето на ова 2-годишно девојче застанува секој пат кога ќе се вознемири, поради ретка болест

Мајка снимила вознемирувачка снимка од нејзината 2-годишна ќерка која ѝ „умира“ во рацете затоа што нејзиното срце престанува да чука кога станува премногу вознемирена или исплашена. Во застрашувачкото видео, вознемирената Бетани Дејвис стои крај нејзината мајка Натали Дејвис (31), кога одеднаш престанува да дише.

Мајкта на 5 деца го држи телото на малото девојче додека срцето на Бетани моментално престана да чука, а по неколку секунди се враќа во нормала.

Дури и најмалиот страв или болка може да предизвикаат погрешна комуникација помеѓу инаку здравото срце и мозок на Бетани, предизвикувајќи таа да се онесвести и нејзиното срце да престане да чука. Во подолги напади, Натали и нејзиниот сопруг Пол Дејвис (33) гледаат како нивното мало девојче помодрува и се вкочанува. Родителите го опишаа теророт кога ќе ги чујат нивните деца како ги повикуваат затоа што „Бетани е мртва“, кога има напад пред нејзините преплашени и збунети браќа и сестри.

Детето отсекогаш било целосно здраво и среќно се до нејзиниот прв напад во мај минатата година, откако ја удрило главата додека се играла со нејзината сестра. Кога мајка ѝ тргнала кон нејзиниот плач Бетани била на земја и не дишела. Но, кога брзата помош пристигнала само три минути подоцна, Бетани се вратила во нормала и тестовите покажале дека нејзините витални знаци се добри.

Но, Натали била убедена дека има нешто повеќе и отишле на кардиолог. Понатаму, тестовите откриле дека има проблем во комуникацијата помеѓу срцето и мозокот на Бетани, кога таа доживува дури и најмал страв или болка. Бетани била дијагностицирана во ноември со форма на несвестица наречена вазовагална синкопа која предизвикува да се онесвести и нејзиното срце да престане.

Ако срцето на Бетани почнува да престанува подолг временски период, можеби ќе има потреба од пејсмејкер, но нејзината мајка и тато се решени да ги исцрпат сите други опции пред таквата операција.