Срцезатоплувачки момент во кој лекар ужива во прекрасно зајдисонце со својот пациент, заболен од коронавирусот

Фотографија од повозрасен пациент заболен од коронавирусот кој ужива во прекрасно зајдисонце со својот лекар ги допре срцата на милиони луѓе.

Тие биле на пат да направат некои прегледи и снимки кога докторот Лиу Каи го прашал 87-годишниот пациент дали сака да запре за момент да го види зајдисонцето. Болничарот го фатил моментот во кој и двајцата уживаат во зајдисонцето.

Оваа глетка била особено значајна за 87-годишниот пациент кој е хоспитализиран веќе еден месец и одамна немал ваква прилика. Болницата соопшти дека состојбата на пациентот значително се подобрува и тој сега е во можност да го напушти креветот.

27-годишниот лекар, по потекло од болница во Шангај, работи во Народната болница на универзитетот Вухан уште од почетокот на појавата на коронавирус.

Постариот пациент, кој е виолинист, им рече на медицинските работници дека би сакал да изведе песна за нив кога ќе закрепне.