Срцезатоплувачкиот момент во кој глуво 2-годишно момче ѝ ја пренесе најубавата прва порака на својата мајка, на знаковен јазик

Малиот Пи-Џеј од Лос Анџелес, Калифорнија, е роден со синдром Трејчер Колинс, генетска состојба што може да предизвика деформитети во структурата на лицето и коските на лицето. Тој е глув затоа што е роден со неразвиени уши. Исто така, тој морал да издржи пет големи операции во текот на своите две години, кои му овозможиле да дише, јаде и да расте нормално.

Сепак тој ги стопли срцата на луѓето откако додека се шеташе низ супермаркетот со својата мајка реши да ѝ каже „Те сакам“ со помош на знаковен јазик. Ова се првите знаци кои ги научил 2-годишниот херој и очигледно е дека неговото срце секогаш ќе има чисти намери.