Среќна Нова 2020 година, драги пријатели

Во Новата година ви посакуваме море од позитивна енергија, добро здравје, среќа и успех во сѐ што ќе работите. И во наредната година Мотика ќе биде со вас и ќе ви го разубавува времето со пријатни и позитивни содржини. Останете со нас и ние ќе продолжиме да ве радуваме и да ви го подобруваме расположението секој ден! Среќни празници, и до видување до новата 2020 година. Нека во новата 2020-та, насмевката не се трга од вашето лице!

Личноста која чекате да ви го промени животот во новата 2020 година се наоѓа во вашето огледало. Шампион не се создава во теретана, шампион се создава од нешто што го има длабоко во себе, желба, сон, визија и бескрајна верност во себе, затоа застанете храбро на нозе во новата 2020 година, кренете ја главата и остварете ги вашите желби и соништа. Бидете добри со сите, пријателски настроени, правете секогаш и секому добро и сите ќе имате среќна и успешна нова година.