„Сребрен лисец“ кој има девојка 19 години помлада од него вели дека љубоморни жени постојано го молат да ѝ раскине

Машки модел кој излегува со жена 19 години помлада од него, тврди дека љубоморните луѓе постојано се обидуваат да ги испровоцираат да раскинат затоа што сакаат тој да им биде „шеќерен татичко“ (sugar daddy).

Мајкл Стоматук (44) од Масачусетс и неговата девојка Емили Даунинг (25) од Аризона се запознале во 2018 година на час по јога, а моделот вели дека веднаш го привлекла нејзината природна убавина и импресивните фитнес вештини.

Решил да го направи првиот потег и ѝ пришол на Емили за да ѝ даде комплимент за вежбањето јога. Но, додека и двајцата велат дека имало инстант хемија меѓу нив, Емили призна дека се колебала да ги однесе работите понатаму поради нивната очигледна разлика во возраста.

И покрај нејзиното двоумење, таа се согласила да размени броеви со Мајкл и парот договорил да одат на состанок. Дуото го шетало кучето на моделот низ нивното соседство и разговарало повеќе од три часа – и двајцата брзо ја забележале нивната силна физичка и емоционална привлечност.

Додека дуото продолжило да се среќава, набрзо сфатиле дека се заљубиле еден во друг. Мајкл се сеќава дека на почетокот бил резервиран поради разликата во годините, но набрзо почувствувал дека неговата врска со Емили се интензивирала.

Откако нивната врска почнала да станува сериозна, тие решиле да им кажат на своите пријатели и семејството во 2020 година и на нивно изненадување, двете нивни семејства ја поддржале нивната врска бидејќи гледале колку се радуваат Мајкл и Емили.

Сепак тој чесно добива непријатни коментари од обожавателки од тип: „Еј татичко сакаш ли да ми понудиш шеќер?“ и „Дали сѐ уште имаш девојка?“. Сепак Мајкл вели дека ги игнорира овие коментари, а на Емили не ѝ пречи.

И покрај ова, имало бројни контакти до Емили од непознати луѓе кои тврделе дека Мајкл не бил верен и дека таа треба да раскине со него – што Емили знае дека не е вистина, но признава дека не ѝ е лесно постојано да слуша такви тврдења.

Во иднина, двајцата се надеваат дека ќе продолжат да патуваат низ светот и се возбудени да видат што носи иднината, бидејќи многу се сакаат и не можат да замислат да бидат еден без друг.