Средношколец откри нова планета по само 3-тиот ден од практикантство во НАСА
Откако ја завршил последната година од средното училиште Скарсдејл во Њујорк Волк Кукиер се приклучи на Центарот за вселенски летови Годард на НАСА во Гринбелт, Мериленд, како практикант.
На неговиот трет ден, 17-годишник ги испитуваше информациите добиени од сателитот TESS. Отпрвин, тој помислил дека наишол на ѕвездено затемнување, но се испостави дека е планета.
ТОИ 1338 б, како што е сега позната, е првата циркуларно-бинарна планета (планета која орбитира околу две sвезди) што ја откри ТЕСС, која се наоѓа на 1.300 светлосни години во со соѕвездието Пиктор.
Во објавувањето на вселенската агенција се објаснува дека ТОИ 1338 б во моментов е единствената позната планета во системот. Се проценува дека е 6,9 пати поголема од Земјата (помеѓу големината на Нептун и Сатурн).
Планетата орбитира околу двете sвезди на секои 95 дена, додека двете sвезди орбитираат една околу друга на секои 15 дена (едната од нив е 10% поголема од нашето Сонце, додека другата е само третина од масата на Сонцето). Кукиер стана ко-автор на трудот во врска со неговиот вонреден наод за три дена, кој оттогаш е доставен до научно списание.