Средношколци од Америка направиле мал брод кој испловил преку Атлантскиот океан, сѐ до Норвешка: „Ова мало чудо ја преживеа сезоната на урагани!“

Во октомври 2020 година, учениците од средното училиште „Рај Џуниор“ во Рај, Њу Хемпшир, го испратија својот рачно изработен мини-брод, наречен „Рај Риптајдс“, кој заплови од брегот на Њу Хемпшир кон непозната дестинација. Овој мал брод, долг само 1,7 метри, бил без екипаж, но го носел богатството на шарени уметнички дела изработени од учениците, заедно со уред за следење GPS што повремено ја пријавувал местоположбата на бродот.

 

 

 

По 462 дена и поминати 13,360 километри, овој едноставен научен проект беше откриен од шесттоодделенци од малото норвешко островче Смуола, создавајќи ново пријателство преку Атлантикот. „Рај Џуниор“ соработуваше со „Educational Passages“ непрофитна организација посветена на поврзување на учениците низ светот преку океаните. Учениците работеле на изградба на бродот, изучувајќи океански струи, наука и математика, а преку уметничките активности го развивале и творечкиот аспект, пишувајќи описи за своето училиште и град.

 

 

 

Проектот „Рај Риптајдс“ бил проект за пред пандемијата, но учителката Шила Адамс и директорката на „Educational Passages,“ Кеси Стајмист, успеаја да ја надминат ситуацијата. Секој ученик дома изработил уметничко дело кое било скенирано и претворено во колаж. Со помош на „Sea Education Association,“ бродот конечно запловил.

 

 

Преживувајќи ја сезоната на урагани и претрпувајќи периодични прекини на GPS сигналот, „Рај Риптајдс“ конечно пристигнал на брегот на Смуола. Иако малку оштетен и обраснат со школки, внатре сè уште се наоѓале разнобојните предмети – фотографии, маски, есенски лисја, желади и монети. Преку социјалните медиуми и медиумските извештаи, приказната стана вирална. Планирани се и видео-средби помеѓу училиштето од Рај и училиштето од Смуола, со што учениците ќе ја продлабочат својата врска и ќе учат за заедничкиот Атлантски Океан.

Оваа иницијатива е пример за тоа како образовните програми можат да инспирираат и да ги поврзуваат младите на глобално ниво.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *