Средношколец од Џорџија по матурата не тргна на забава – туку на работа во Burger King. Сега доби 22.000 долари донации за факултет
Микел Бејкер, 18-годишен ученик од Џорџија, веднаш по завршната церемонија на матурата, наместо да слави со пријатели и семејство, се појавил на работа во Burger King облечен во мантил, украсна лента и медали. Неговата посветеност трогнала една мајка, која одлучила да му помогне – и му собрала над 22.000 долари за да може да го оствари својот сон и да оди на факултет.
„Покажа што значи вистинска посветеност“
Откако дипломирал од Mills Creek High School, Бејкер веднаш се упатил на работа во ресторанот во Dacula, Џорџија. Околу 22 часот, додека сè уште носел дел од матурската облека, го забележала Марија Мендоза – мајка на негова соученичка – и го снимала како љубезно ги услужува клиентите. Видеото го објавила на TikTok, каде што собра над 3 милиони прегледи.
Донации од речиси 1.000 луѓе
Мендзоа била толку инспирирана од смиреноста и насмевката на младиот работник што покренала GoFundMe кампања. За кратко време, донациите надминале 22.000 долари. Сите средства се наменети за образованието на Бејкер, кој до тој момент размислувал да паузира една година поради финансиски тешкотии.
„Никогаш не мислев дека ова ќе ми се случи“
Кога Мендоза му ја соопштила веста во Burger King на 26 мај, Бејкер бил преплавен од емоции и солзи. Им се заблагодарил на сите донатори преку TikTok и открил дека сега има шанса директно да се запише на технички факултет и да се обучува за механичар. „Многу сум благодарен. Никогаш не помислив дека вакво нешто може да ми се случи,“ изјави тој трогнат.
Капка во море проблеми!
Како кај нас во Македонија не почне вакво нешто да се реализира, може некој богаташ ќе даде 2 денара (друже)?
Коментирај анонимно