Српска пејачка ги демолираше автомобилите на полициски полковник, затоа што ја изневерувал

Ова е една кратка „Шпанска сапуница“. Српската фолк пејачка Љупка Стевиќ имала прилично тешка ноќ, откако случајно дознала дека нејзиното долгогодишно момче полицискиот полковник Симиќ ја изневерува, не со една, туку со две други жени, а згора на тоа сѐ уште не ги потпишал документите за развод и официјално сѐ уште е во брак иако со Љупка бил 10 години во врска. Изреволтираната Љупка очигледно ги изгубила нервите и пред неговиот дом ги уништи двата автомобили во негова сопственост, потоа самата си ги објавила снимките и напишала: „Вака завршува е*ач на батерии! Девојки бирајте кому му давате 10 години од својот живот.“ На второто видео објаснува и како сѐ се случило.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!