Стадо диви коњи во галоп на Пелистер (ВИДЕО)
„Можеби оваа снимка е една од најубавите што сум ги снимил сиве овие години, денови, саати поминати на планина. Уживајте во кратково видео. Јас им се восхитував додека ги гледав. Бисер Балкански…“ – вели авторот на видеото Даниело Божиновски
Дивите пелистерски коњи се снимени на патека која ретко е посетувана, на граничната линија со Грција, меѓу врвовите Балтан и Цуце, под кои се наоѓаат селата Брајчино и Љубојно. Патеката не е маркирана, а шумата е опасна и има многу диви животни.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.