Стаклен кошмар или адреналинско совршенство? Поглед од облакодер кој не е за секого

Дали знаете какво е чувството да застанете на стаклена површина, 300 метри над земјата, и да уживате во непречен поглед на Њујорк? Во оваа привилегија наскоро ќе ја уживаат сите заинтересирани посетители на новиот деловен облакодер One Vanderbilt, кој достигнува висина од 427 метри.

На врвот на облакодерот, или на околу 300 метри над земјата, изградени се стаклени платформи  кои се протегаат низ четири ката и се наменети за слободно да можете да ја набљудувате околината на нов начин.

Зградата користи огледала и стакло за да создаде илузија на бесконечен простор. Оние кои ja посетиле тврдат дека станува збор за прошетка меѓу облаците која овозможува спектакуларен поглед на Менхетен.

И додека одењето по стаклена површина на голема надморска височина за некои е сценарио од најлошите кошмари, зградата стана туристичка атракција за зависниците од адреналин која не смее да се пропушти.

Цените на билетите се движат од 33 до 73 долари во зависност од тоа каде сакате да прошетате.

Имајте на ум дека при посета треба да се следат некои правила, задолжително понесете очила за сонце бидејќи рефлексијата на светлината  може да го отежне нормалното движење на стаклени платформи.

Не се препорачува носење парчиња облека кои можат да ги изложат интимните делови од телото во одразот на огледалото на подот, а исто така е забрането носење обувки, како чевли со високи потпетици, кои можат да ги оштетат платформите.

Погледнете како изгледа Самитот видеото на YouTube каналот Here Be Barr.