Станд-ап шоу во Усје: Тој што гори отпад и тој што зема членарина од него држат лекции за заштита на животната средина

Вчерашната прес-конференција во „Титан Усје“ можеше да помине како уште едно стенд-ап шоу – да не беше тоа што темата не е смешна, туку буквално прашање на здравје и живот. На сцена стоеја двајца актери со совршено усогласени улоги: фабрика што согорува отпад во град со половина милион жители, и претседател на Стопанска комора која со години инкасира членарини од истата компанија. Зборуваат за „заштита на околината“, додека цели населби знаат точно кога печките се палат во пет попладне – затоа што воздухот добива мирис на изгорена пластика и гума.

Особено цинично звучеше моментот кога Азески рече дека се чувствува како „на трибина за заштита на животната средина“. Секако ќе се чувствува така – кога е гостин во фабрика што му е член, а презентацијата е подготвена од истата компанија што ја брани.

Што сте запнале со таа ДИСЛОКАЦИЈА која што никогаш нема да се случи!?

А најопасниот дел во целата оваа театарска изведба беше замајувањето со дислокација. Тоа е политичка фантазија што убаво звучи, но реално служи само да го скрене вниманието од единственото нешто што може веднаш да се направи:
строг, независен 24-часовен мониторинг и инсталација на филтри што ја сведуваат емисијата на минимум.

Дислокацијата никогаш нема да се случи – не зашто не треба, туку зашто државата нема ниту механизми, ниту политичка волја, ниту финансии да исели фабрика од ваков тип. Тоа сите го знаат, вклучително и тие што најгласно зборуваат за „дислокација“. Но токму затоа е цинично да се продава приказна за големи, далечни решенија, наместо да се бара она што веднаш е можно, изводливо и неопходно: јавни податоци, реално мерење на емисии и инсталирање филтри кои се стандард во урбани индустриски зони.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *