Стандардите за убавина се менуваат во 2020, а неодамнешните насловни страни го докажуваат токму тоа

Февруарскиот број на магазинот Гламур беше објавен со 10 насловни страни. Жени кои претходно не можеа ни да сонуваат да се појават на насловната страница на модното списание пред неколку години, станаа нови лица на Гламур.

И нивната храброст, уникатни одлики и неортодоксната убавина сега се во тренд.

Софија Хаџипантели, модел кој одбил да се ослободи од споените веѓи

Харнам Каур, жена со синдром на полицистични јајници

Чидера Егеруе, активист за прородната убавина на женското тело

Стефани Јебоа, модел со плус големина

Џејза Гери, родена со ламеларна ихтиоза, кожата ѝ се обновува на 2 недели

Кејт Пипер, преживеала сериозен напад на киселина од нејзиното поранешно момче

Амбер Џин Роуан, има алопеција

Мишел Елман, преживеала тумор и сериозна болест на дебелото црево до 20-тата година

Набела Нор, покажува дека убавината доаѓа во сите форми и големини

Хани Сидов, модел кој секогаш носи хиџаб