Стар вдовец живеел „во пеколот“ се додека служба за чистење не му го вратила достоинствениот начин на живот

Еден постар вдовец од Далтон, Велика Британија, со години не можел да добие никаква помош при чистење на својата куќа. Додека Ема-Ли Далтон и нејзиниот тим во My Kind of Clean не стапнале внатре, претворајќи го гнасниот простор за живеење во пријатен дом.

Тие дури признале дека станале емотивни по 50-часовната работа (нешто повеќе од 8 часа работа за шест лица), бидејќи сфатиле колку ова ќе го промени животот на човекот. Човекот почнал да го запоставува својот дом откако починала неговата сопруга и бидејќи имал проблеми со психичкото и физичкото здравје неколку години по ред живеел во вакви услови.

Тимот го фотографирал домот пред и потоа и фотографиите ги објавиле на Фејсбук нагласувајќи дека никој не смее да се срами да побара рака ако му треба. Или дванаесет. На крајот на краиштата, погледнете ја разликата: