Стар ВМРО-вец на смртна постела (виц)

Стар ВМРО-вец лежи на смртна постела. Им вели на најблиските:
– Доведете ми го Киро.
– Кој Киро, тато? – прашува ќерка му.
– Киро, комшијата, што е секретар во СДСМ.
– Тато, ти не зборуваш со Киро уште од 1991 година.
– Доведете го! – наредува ВМРО-вецот со последни сили.
Најблиските решиле да му ја исполнат последната желба. Го довеле Киро.
– Кажи бе Ѓоре, што да направам за тебе?
– Сакам да ме примиш во вашата партија.
– Браво бе, толку години поминаа, но ти дојде паметот! Еве, повели твојата нова партиска книшка. Честито!
Ѓоре одговара:
– Е такааа… за 10 минути, еден комунист помалку…