Старец кој секој ден го шета својот необичен миленик ги освои срцата на интернет корисниците ширум светот

Еден постар човек во Јапонија ги освои срцата на корисниците на интернет ширум светот поради неговото интересно хоби – секој ден да ја носи својата џиновска африканска желка на прошетка.

Хисао Митани ја купил желката Бон-Чан пред повеќе од 20 години, откако неговата сопруга се „вљубила“ во рептилот во продавница за миленичиња.

Тогаш Бон-Чан бил колку дланката на Митани, но оттогаш тој прерасна во огромно суштество кое нема шанси да го утнете.

Гигантската африканска желка првпат се најде во центарот на вниманието пред неколку години, кога сликите на кои тој шета по улиците со Митани станаа хит на интернетот, но тој доби уште повеќе обожаватели оваа недела откако видео од него беше објавено на ТикТок.

@sugoimartim only living for the kabuto on his head tbh 🐢 #fyp #foryoupage #africantortoise #japanthings #animals #japanlife #tsukishima #japan #sugoimart♬ original sound – sugoimart

Клипот објаснува дека Бон-Чан започнал брзо да расте кога наполнил 10 години, а сега тежи околу 70 килограми.

Зборувајќи за неговото сакано милениче во 2015 година, Митани призна дека „не мислел дека ќе биде толку голем“. За сопственикот е познато дека желката ја носи на „долги прошетки“, иако тие само се чинат долги поради бавното темпо на желката.

Во видеото гледаме дека Бон-Чан носи додатоци и на главата и оклопот, но тие не се единствените додатоци во кои бил забележан.