Стариот богат дедо и младата невеста (виц)

Еден стар, но многу богат дедо се оженил со млада девојка. Свадбата поминала и одат во спалната на првата брачна ноќ. Дедото седнува на креветот, до него седнува и младата невеста а тој со насмевка ја прашува:
– Знаеш ли што ќе се случи сега?
– Не, не знам, мажу мој.
– Како не знаеш? Зарем мајка ти не ти кажа ништо?
– Не, не ми кажа.
– А другарките не ти кажаа?
– Не, никој ништо не ми кажа.
– Ете ти сега проблем, ти не знаеш а и јас заборавив.