Сте пробале ли автентична Кумановска топеница со ребра на скара? Еве го рецептот!

Кумановската топеница е традиционално јадење кое се подготвува од пченкарно брашно или, како што го нарекуваат во Куманово, моморузно брашно. Овој автентичен рецепт е пренесуван низ генерации и секоја куќа има своја варијација, но основата останува иста. Топеницата се служи со печени ребра, што додава дополнителна димензија на вкусот и го прави јадењето уште повкусно.

 

Состојки:

  • 500 гр пченкарно брашно
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 мала лажичка сода бикарбона
  • 1/2 пециво (5 гр)
  • 3 лажици зејтин
  • 500 мл млака вода
  • ребра (за печење на грил тава)

 

Подготовка:

  1. Мешање на состојките:
    Во пластичен сад сипете 500 гр пченкарно брашно, 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка сода бикарбона, 1/2 пециво (5 гр), 3 лажици зејтин. Измешајте и постепено додавајте 500 мл млака вода (како за месење леб). Мешајте со дрвена лажица додека не добиете убава изедначена смеса.
  2. Печење на смесата:
    Во тепсија со пречник 34 см сипете малку зејтин и загрејте ја на рингла. Размачкајте го зејтинот низ тепсијата и сипете ја смесата. Печете во рерна на 200 степени (по можност со вентилатор). Откако ќе ја ставите тепсијата во рерна, тогаш вклучете ја. Кога ќе добие убава кафеава боја, извадете ја.
  3. Дробење и попарување:
    Со помош на лажица смесата издробете ја и попарете ја со загреан зејтин или маст. Ние ја паревме со зејтин, а плус пржевме на грил тава сироови ребра и маста што се стопи од нив ја истуривме врз топеницата.

 

Сервирање:

Топеницата може да се јаде со сирење, кисело млеко, јогурт, а татко ми ја јаде со расолница во која ќе истроши суви пиперки потпечени на рингла.

Уживајте во овој автентичен кумановски рецепт!

  • Васе напиша:

    Пробаја сам гу куде „Батко Ѓорѓија“!!! Одлична е!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *