Сте се запрашале ли некогаш што прават милијардерите за нова година? Сега ќе ви откриеме!
На брегот на Карибите во близина на островот Сент Барт истовремено се насобраа суперлуксузни јахти на милијардери од целиот свет.
Меѓу луксузните јахти, новинарите ја забележаа онаа на рускиот олигарх Роман Абрамович, чија што вредност се проценува на 700 милиони долари. Бродот е долг 162,4 метри и има три хелиодроми, девет палуби со 18 кабини за гости и 15-метарски затворен базен со сино гранитно дно што може да се подигне до нивото на палубата и да се користи како подиум за танцување. Јахтата има и комплетно опремена теретана, спа центар, салон за масажа, салон за убавина, сауна и кујна.
Покрај тоа, на брегот на Карипското Море е забележана и јахтата на пријателот и деловен партнер на Абрамович, бизнисменот Евгениј Швидлер. Ле Гранд Блу е долга 112,7 метри, вреди 150 милиони долари, има хелиодром, систем за прочистување на водата и два дополнителни чамци наречени тендери.
Основачот на WhatsApp, Иан Кум, исто така ја закотви својата јахта на островот Сент Барт. Бродот Moonrise долг 100 метри вреди 220 милиони долари е опремен со осум кабини за 16 гости и сместување за 32 членови на екипажот. Покрај тоа, на бродот има хелиодром и теретана.
Покрај тоа, забележани се јахтите на американскиот продуцент Дејвид Гефен, поранешниот канадски хокеарски голман Патрик Довиги, израелскиот бизнисмен Ејал Офер и американските претприемачи Херб Чемберс и Џеф Безос.