Штедењето од најрана возраст игра клучна улога: Шпаркасе Банка едуцираше повеќе од 4 000 деца за важноста на штедењето во текот на октомври
Штедењето од најрана возраст игра клучна улога во градењето финансиска стабилност и одговорно управување со личните финансии. Во октомври, месецот на штедењето, Шпаркасе Банка, заедно со Медо Штедо, го насочи своето внимание кон едукација и подигнување на свесноста кај младите за важноста на оваа практика.
Шпаркасе Банка со гордост објавува дека едуцираше повеќе од 4 000 деца од градинки и училишта низ цела Македонија, вклучувајќи ги во едукативни активности што беа дел од Шпаркасе карванот – серија интерактивни посети, каде што децата учеа за основите на штедењето и за одговорното управување со парите на забавен и лесно разбирлив начин.
Како дел од својата посветеност на финансиската едукација, Шпаркасе Банка ги приспособи своите производи за да ги мотивира децата да почнат со штедење и да ја градат својата финансиска независност. Една од овие понуди е Детски депозит Плус – производ што ги поттикнува најмладите да развијат навика за штедење уште од рана возраст.
Штедењето започнува со минимален влог од 3.000 денари или 50 евра, со можност за дополнителни уплати. Детски депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целото времетраење на орочувањето, а клиентите можеа да изберат опција што најмногу одговара на нивните потреби.
За штедење во денари, клиентите добиваат:
- 4,0% фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
- 4,1% фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци
За штедење во евра:
- 3,3% фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
- 3,4% фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци
Шпаркасе Банка верува дека едукацијата за штедењето е основен чекор кон градење сигурна финансиска иднина. Банката е свесна дека родителите имаат клучна улога во овој процес и со своите понуди и услуги е тука да ги поддржи на секој чекор од нивното финансиско патување.
#ВерувајВоИднината
Stedete za idninata ha ha ha kakva idnina vo Makedonija, idnina vo dolgovi, krediti i pozajmici duri ne e smesno tragicno e.
Коментирај анонимно