Што би направиле ако Google ПОГРЕШКА ви префрли 250.000 долари? Сем Кари ја имал таа среќа или можеби несреќа?

Сем Кари, инженер за безбедност на персоналот во Yuga Labs и самонаречен „хакер“, на Твитер објави дека Google испратил 249.999 долари на неговата банкарска сметка без објаснување и дека тој не можел да добие одговор од компанијата по три недели обиди за контакт.

Кари рече дека понекогаш спроведува проекти за лов на „багови“ за технолошки компании како Гугл, но не можеше да најде врска помеѓу неодамнешните проекти и мистериозното плаќање. Исто така од кога се случило тоа тој се обидел во неколку наврати да ги контактира, но не добил никакви одговори. На крајот конечно минатиов петок на 16-ти септември добил одговор од нив.

Портпаролот на Google потврди дека уплатата од речиси 250.000 долари на сметката на збунет професионалец за сајбер безбедност е „резултат на човечка грешка“.

„Нашиот тим неодамна изврши исплата на погрешна страна како резултат на човечка грешка. Ние цениме дека тоа брзо ни беше соопштено од погодениот партнер и работиме на тоа да го исправиме“.

„Гугл навистина ме контактираше и јас денеска ќе одам во банката за да ги вратам парите“, изјави Кари.

АХ БЕ КАРИ….

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *