Што би се случило доколку на планетата Земја снема кислород на само 5 секунди? Зошто Пантеонот во Рим би се срушил веднаш?

Во најновата епизода на познатиот канал на „YouTube“, „WhatIf“, тим од истражувачи погледна во едно од најинтригантните прашања: што би се случило доколку кислородот на Земјата исчезне за 5 секунди? Резултатите беа едноставно застрашувачки.

 

 

 

Според ТВ каналот, без кислород целосно ќе се урнат огромни структури како браната Хувер во САД или куполата на Пантеонот во Рим, како и се друго направено од бетон. Ова се случува затоа што кислородот е дел од врзивото што го сочинува бетонот. Без него, бетонот се претвора во „само прашина“.

Но, тоа не е се. Суровиот метал исто така веднаш ќе се стопи во тие 5 секунди. Озонската обвивка, слој на природен гас кој не штити од суровите ултравиолетови зраци на сонцето, исто така е направен од кислород. Без кислород пет секунди, нашата кожа би можела да изгори од сонце, а исто така би биле изложени на зголемен ризик од развој на рак на кожата.

Тимот на „WhatIf“ исто така наведува дека не само што ќе биде засегната нашата кожа, туку и нашето внатрешно уво. 21% од нашиот воздушен притисок се состои од кислород, а таквата ненадејна промена на притисокот може да предизвика експлозија на внатрешните органи на увото.

 

 

Без кислород, нема да имаме енергија и за неелектрични возила како што се автомобилите и авионите, а нашето небо ќе остане темно без кислород во атмосферата. Уште полошо, целата кора на земјата ќе се урне, како што претпоставувате, таа исто така се состои од 45% кислород.

Гледачите на каналот беа шокирани од овие резултати, а многу од нив ги споделија своите размислувања во коментарите. Некои беа шокирани, други се шегуваа за да се справат со застрашувачката мисла.

Вреди да се напомене дека „WhatIf“ е редовен канал за забава на „YouTube“. Ова значи дека резултатите не се „точна наука“, туку само серија нагаѓања направени за да нè натераат да размислиме.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *