Што е Френологијата и како се користела за разбирање на личноста?

Френологијата е псевдонаука која се обидува да ги поврзе физичките карактеристики на черепот со особините на личноста, талентите и менталните способности. Оваа теорија е развиена од виенскиот лекар Франц Јозеф Гал во 19 век и доживеала голема популарност во своето време. Иако денес е целосно дискредитирана од научната заедница, нејзиното историско влијание врз некои области, како медицината и социологијата, не може да се негира.

 

Што е Френологијата и како се користела за разбирање на личноста?

Основни принципи на френологијата

Френологијата се темели на неколку клучни тврдења:

• Мозокот е органот на умот.
• Менталните способности на човекот се распределени во одредени „региони“ на мозокот.
• Големината на секој регион укажува на јачината на таа способност.
• Површината на черепот одразува како е обликуван мозокот под неа, па според закривеноста на черепот можат да се прочитаат личноста и карактерот.
• Френолозите мереле испакнатини и вдлабнатини на черепот со цел да проценат какви способности има некоја личност – како на пример: меморија, претпазливост, агресивност, емпатија и слично.

Франц Јозеф Гал ги подели менталните способности во 26 различни региони, што подоцна неговите следбеници ги проширија и прецизираа.

 

Популарност и пад на френологијата

На почетокот од 19 век, френологијата се сметала за напредна и прогресивна дисциплина. Нејзините поддржувачи дури основале здруженија и ја прошириле низ Европа и Америка. Во САД, Л. Н. Фаулер бил еден од нејзините најпознати промотори.
Со текот на времето, сепак, френологијата почнала да се користи во контексти кои денес се сметаат за етички проблематични.

Нејзините методи биле користени за оправдување на расна супериорност и за предвидување на „криминални тенденции“ кај поединци, често без научна основа.

Во 1838 година, френологијата добила и силна критика во научните кругови, особено преку списанието Единбург Ривју, кое ја разоткрило како ненаучна и непроверена. До средината на 19 век, нејзината популарност опаднала, а денес е класифицирана како псевдонаука – односно, како дисциплина која изгледа научно, но не се заснова на проверливи и објективни докази.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *