Што има на дното? Мистеријата на изворот во центарот на градот што ги мачи Французите со векови

Со векови луѓето зависеле од изворска вода во центарот на францускиот град Тонере, кој се наоѓа во срцето на провинцијата Бургундија. Станува збор за карстен извор познат како Fosse Dionne, од кој секоја секунда бликаат 311 литри вода, а се споменува во VII век.

Келтите го сметале за свет извор, а Французите го оградиле со кружна камена структура во 1700-тите и го користеле како јавна перална. Додека луѓето ги переле алиштата во Фосе Дион, почнале да размислуваат колку е длабоко, што се наоѓа на дното и од каде почнува.

Иако се направени неколку студии, одговорот на овие прашања се уште е непознат денес. Покрај тоа, приказната за Фосе Дион се смета за една од најголемите мистерии во Бургундија.

Се претпоставува дека водата тече од природен извор кој потекнува некаде во планинскиот масив Морван, но поради тесните премини кои се стеснуваат додека јамата се продлабочува, тоа никогаш не е потврдено.

Во 1974 година, двајца мажи се нурнале во Фосе Дион. Тие исчезнале со нуркање низ кривулестите стеснети бездни. Во 1996 година, градот ангажирал друг нуркач кој несреќно починал додека се спуштал во оваа навидум јама без дно.

Градот го прогласил Фосе Дион за опасен за истражување и со години било забрането да се нурне во него. А потоа, со дозвола на градоначалникот Тонере, Пјер-Ерик Дизењ во октомври 2019 година се нурнал. Тој нурнал длабоко 70 метри и ги снимал своите искуства со камера.

Иако истражувал простор што не бил виден досега, не можел да открие каде започнува ова чудо на природата или што се наоѓа на дното.

Според легендата, опасната змија го штити подводниот свет и спречува некој да стигне до дното. Други веруваат дека изворот е портал на нов свет во кој поминале сите оние кои се обиделе да го истражат и никогаш не се вратиле.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.