Што ја претвори срамежливата девојка, која сакала да биде неврохирург, во „најпромискуитетна жена“ во Австралија која има с*кс со 600 мажи за една година?
OnlyFans станува простор каде што сите млади несигурни девојки кои не се чувствуваат доволно добри наоѓаат валидација од комплетни странци кои само ги гледаат како парче месо. Кој планира да стави стоп на тоа, кога дури и самите родители почнуваат да ги поддржуваат своите деца во овие професии? Наместо психолог сите се вртат кон овие платформи за возрасни и на тој начин заработуваат енормни суми и се чувствуваат подобро за себе само затоа што во одреден дел од животот се чувствувале несигурни и недоволни ,па така ги лечат комплексите (или мислат дека ги лечат). Но, што кога ќе сфатат дека за тие пари плаќаат многу поголема цена, а не се ни свесни?

Кој треба да рече „стоп“ и да ги забрани овие платформи кои земаат голем замав? Младите ретко имаат цели во животот и кој е виновен за тоа? Овие платформи совршено го искористуваат тоа давајќи им привидна цел и пари за да купуваат куќи и работи што никогаш не би помислиле дека ќе можеле да си ги дозволат на тие години, но која е цената за сето тоа?



Ени Најт е една од најпознатите австралиски креатори на OnlyFans, која заработува 1,4 милиони евра годишно, но нејзиното патување до славата дојде со предизвици. На 27 години, Ени изградила „просперитетна“ кариера споделувајќи ја својата смела и експлицитна содржина, но верувале или не таа не била секогаш вака самоуверена. Растејќи се борела со проблеми со имиџот на телото и била малтретирана поради нејзината тежина, што на крајот довело до нарушување во исхраната.
Но, како од желбата да стане неврохирург стигнала до оваа професија?

Во средно училиште, наставник ги натерал учениците да се редат по тежина, а Ени била една од најтешките. Ова предизвикало длабок срам, поради што драстично ги намалила оброците, загрижувајќи го нејзиното семејство. „Бев толку болна, но децата на училиште сакаа да се дружат со мене бидејќи наеднаш бев слаба“, се сеќава таа. Таа се борела со ова нарушување во исхраната 12 години пред да добие контрола над своето здравје.


Животот на Ени се променил за време на пандемијата кога ја изгубила својата работа во маркетинг и се свртела кон, се разбира, OnlyFans. На почетокот таа ја чувала својата нова работа во тајност, но како што нејзината заработка растела, таа излезе во јавност и ја прифати својата нова кариера. Сега, таа поседува три луксузни куќи низ Австралија, вредни вкупно 1,7 милиони евра и заработува до 240,000 евра месечно.



Содржината на Ени е смела, но исто така таа си постави предизвик во 2023 година да спие со 365 луѓе годишно. Откако ја постигна својата цел, таа сега цели 600 во 2024 година. Таа го документира своето патување во видеа, велејќи: „Тоа е само малку забавно“. Иако признава дека предизвикот може да биде исцрпувачки, спиејќи со пет луѓе во еден ден пред да направи паузи, таа наоѓа радост во искуството.


Но патувањето до овој „успех“ не било само за пари и слава, ова ѝ прави да се чувствува моќна колку далеку стигнала. Па по тоа може да се види колку е длабока нејзината психичка траума за тежината и нејзиниот изглед. Таа сака да се чувствува посакувана, признаена, валидирана и го смета тоа за успех.
Таа сега се чувствува самоуверена и има контрола. „Мојата тежина не одразува ништо за мојот карактер“, рече таа, додавајќи дека се надева дека ќе ја разбие стигмата околу жените кои уживаат во секс без обврски.


И тука доаѓа моментот кога и тие што треба да кажат СТОП и да помогнат на вистинскиот начин всушност ги испуштаат децата од раце, а тоа се родителите.
Родителите на Ени ја поддржуваат нејзината кариера. Нејзината мајка секојдневно ѝ праќа пораки, кажувајќи колку е горда, додека нејзиниот татко, иако првично шокиран, тоа го прифатил по искрен разговор. Ени ги охрабрува другите да бидат паметни со својата заработка, велејќи: „Никогаш не се знае кога парите ќе престанат да се вртат, па затоа е важно да заштедите од почеток“.

За се се криви социјалните мрежи! Замислете да ги немаше, кој ќе дознаеше дека спиела со 600 мажи? Никој!
Од друга страна тука се во игра и парите! Пред некој ден читав како одбојкарка, баталила спорт и за 3 години објавување слики на ОнлиФанс, заработила 87 милиони долари (сс букви: осумдесет и седум милиони долари)!
Јас да сум женско, ќе напуштам работа во државна администрација и ќе почнам со објава на фотки на ОФ!!!
Коментирај анонимно