Што ќе им подари Дедо Мраз на македонските деца оваа година? (виц)

Дедо Мраз ги добил писмата од децата од Македонија и почнал по ред. Чита едно писмо, става во пакетчето една книга. Чита друго писмо, става во друго пакетче иста таква книга. Трето, пак истата книга, итн. На сите деца им ја ставил истата книга за подарок. Книгата била „Правопис на македонскиот литературен јазик“.