Што ќе се случи ако чувате хамбургер од Мекдоналдс во кутија, цели 24 години?
Кога јадете добар оброк, се воодушевувате од него и можеби ќе го паметите тој момент со години, но едно е да го паметите, а друго да го чувате повеќе од две децении. Секако секој од нас видел храна во распаѓање и за тоа не треба да пребарувате на Јутуб. Овој пат, гледаме нешто малку поразлично, со далеку почудни резултати.
Корисникот на TikTok @ aly.sherb сподели видео од нејзината баба, која ја чуваше нарачката на Мекдоналдс од 1996 година во кутија во нејзиниот плакар. Кутијата иако изгледа истрошена сепак има оригинална реклама на NASCAR на неа. Хамбургерот според некоја логика би требало да биде целосно уништен, но ова не е случајот. Храната изгледа како да паднала на подот пред најмногу еден месец…
