Што ќе се случи доколку го заборавите отворен прозорецот од станот и сте отсутни 6 месеци?
20-годишниот Олугеорџ Џонсон на почетокот на пандемијата морал итно да го напушти својот студентски стан во Нотингем. Тој брзал да се спакува и бил невнимателен па го заборавил прозорецот отворен. Откако се вратил во станот по 6 месеци, не ни помислил дека ќе види ваква сцена.

Отворениот прозорец привлекол непосакувани гости, па освен тоа што станот бил прилично студен, бил уништен од гулаби. Целиот стан е покриен со измет, во мијалникот имало јајца, а кога почнале да расчистуваат пронашле и пиле меѓу облеката.

Гулабите очигледно прилично се опуштиле и се „чувствувале како дома“. Џонсон вели дека му е жал што облеката му е уништена, како и тостерот и патиките.



