Што може да се случи ако одеднаш се откажете од кафето

Иако кафето има голем број здравствени придобивки, откажувањето од него можеби е вистинската одлука за некои луѓе. Но, без разлика колку може да звучи примамливо да започнете да живеете живот без кофеин што е можно поскоро, подобро е постепено да ја намалувате количината на кафе што го пиете и да си дадете време да се прилагодите на промените. Нашите тела стануваат зависни од кафето, а неговото исфрлање од исхраната одеднаш може да предизвика некои непријатни симптоми на повлекување од кофеин.

Направивме и истражување за да откриеме што ќе се случи со нашето тело кога наеднаш ќе престанеме да пиеме кафе и со вас ќе споделиме што научивме.

1. Може да имате главоболки.

Ако некогаш сте се разбудиле со ужасна главоболка, веројатно знаете дека со шолја топло, силно кафе може да ја снема оваа болка. Ова се случува затоа што кафето ги стеснува крвните садови во вашиот мозок. Кога одеднаш ќе одлучите да го исфрлите кафето од вашата исхрана, тоа предизвикува отворање на крвните садови, што го зголемува протокот на крв во мозокот. Вашето тело може да реагира на оваа ненадејна промена во протокот на крв со болни главоболки кои ќе траат додека мозокот се прилагодува на зголемениот проток на крв.

2. Можеби се чувствувате поанксиозно.

Колку и да звучи контрадикторно, откажувањето од кафе всушност може да ве направи уште понервозни. Иако кофеинот може да предизвика чувство на нервоза, вашето тело станува ментално и физички зависно од него. Откажувањето од кафе може да направи да се чувствувате вознемирени и под стрес.

3. Може да влијае на вашата кожа.

Анксиозноста може да предизвика да се потите и срцето да ви чука многу побрзо, а тоа има последци и врз вашата кожа. Тоа е затоа што го поттикнува производството на кортизол, познат и како хормон на стрес, кој влијае на порите на вашата кожа и предизвикува зголемување на производството на маснотии. Ова, пак, може да доведе до затнати пори и кожа која изгледа мрсна. Стресот и анксиозноста се најлошите непријатели на вашата кожа, па дури и може да предизвикаат предвремено стареење.

4. Може да ги направи вашите заби почувствителни.

Еден од најнепријатните симптоми на откажување од кофеин е веројатно гадење. Вознемирен стомак и гадење може да предизвикаат повраќање, што, пак, може да влијае на вашите заби. Иако честото пиење кафе може да ги извалка вашите заби и да предизвика тие да изгледаат жолтеникави, ненадејното откажување од него не е добро за вашето орално здравје. Повраќањето може да предизвика сувост на устата и ерозија, што ги прави вашите заби почувствителни и склони кон кариес.

5. Можеби ќе ви биде потешко да се концентрирате.

Покрај тоа што ќе ви помогне да се разбудите наутро, кафето може да го подобри вашиот фокус пред испити или голем ден на работа. Кофеинот го зголемува нивото на адреналин, предизвикувајќи покачување на крвниот притисок, а исто така го стимулира мозокот. Откако ќе одлучите да живеете без кофеин, тоа може да предизвика проблеми со концентрацијата на почетокот, но вашето тело на крајот ќе се навикне да функционира без него.