Што може да се случи со вашето тело ако јадете само еднаш дневно

Јадењето еднаш во 24 часа звучи како невозможна мисија, но сепак многу луѓе ја практикуваат. OMAD- “one meal a day”, што значи „еден оброк на ден“ е форма на периодично „постење“ за кое се верува дека ви помага да изгубите тежина. Се разбира, не секој ги следи целите за губење на тежината; некои само сакаат да бидат поздрави или да трошат помалку пари на храна. Со која група и да се поврзувате, откривме некои работи кои им се случуваат на многу луѓе откако драстично ќе ја променат исхраната.

1. Може да се здебелите.

Во случаи на недостиг на храна, вашето тело го вклучува својот „режим на гладување“ и ја складира целата храна што ја консумирате – на овој начин, ќе ја имате за подоцна кога ќе ви биде најпотребно. Во основа го успорува вашиот метаболизам. Дополнително на сè, се зголемува производството на кортизол (хормон на стрес), што предизвикува складирање на маснотии.

2. Нивото на шеќер во крвта може да стане нестабилно.

Долгите периоди без јадење обично доведуваат до нестабилно ниво на шеќер во крвта. Хипогликемијата (екстремно низок шеќер во крвта) често е предизвикана од постот, особено ако имате дијабетес тип 2. Подоцна, може да страдате од мускулна напнатост што предизвикува главоболки.

3. Можат да ви недостасуваат хранливи материи.

Еден оброк на ден можеби нема да може да ви обезбеди доволно количество витамини. Како резултат на тоа, имате поголем ризик да развиете последици од недостаток на витамин. На пример, губењето на косата често се поврзува со недостаток на хранливи материи. Во меѓувреме, белите дамки на ноктите (леуконихија) обично се појавуваат поради недостаток на цинк и калциум.

4. Вашиот социјален живот може да се влоши.

Ручеци на работа, семејни собири и родендени – сите овие социјални настани ќе ви поминат затоа што сте ограничени на само еден оброк. Како последица на тоа, вашето семејство и пријателите ќе ви проповедаат за правилната исхрана и неизбежно ќе го преиспитаат вашиот здрав разум. Освен тоа, ќе станете пораздразливи и поради глад.

5. Може да страдате од главоболки.

„Диетските главоболки“ се доста чести кај оние кои сакаат да ги изгубат вишокот килограми што е можно побрзо. Тие се јавуваат поради многу причини, без разлика дали тоа се должи на период на прилагодување, пад на нивото на шеќер во крвта, недостаток на магнезиум и многу други.

6. Може секогаш да ви е ладно.

Јадењето еден оброк дневно го пренасочува протокот на крв во насока на складирање на маснотии. На овој начин, акумулира енергија и, во случај на итност, ви обезбедува сила и агилност. Ниската количина на калории предизвикува постојано чувство на студ и глад.