Што може да ви се случи ако спиете со вклучени светла
Сите веројатно може да се сетиме на времето кога заспивавме со вклучени светла кога бевме деца. Тоа беше единствениот начин да се заштитиме од чудовиштата во плакарот. Но постојат некои возрасни кои претпочитаат да ги остават светлата вклучени, а излезе дека вистинската опасност не се крие во темнината, туку во светлото.
1. Може да му наштети на вашето репродуктивно здравје.
Едно истражување покажа дека изложувањето на вештачка светлина во текот на ноќта може да го зголеми ризикот од неплодност. Експериментот беше спроведен врз женски глувци. Глувците што спиеле со вклучена светлина навечер имале поголема веројатност да бидат неплодни. Исто така, се верува дека циркадните ритми (биолошкиот часовник на телото) влијаат на репродуктивниот процес кај жените.
Друга студија ги следеше медицинските сестри кои работат ноќни смени и ефектите од изложеноста на светло. Излезе дека повеќето медицински сестри се жалеле дека им се нарушени менструалните циклуси.
2. Може да предизвика проблеми поврзани со срцето.
Мелатонинот не само што ја намалува телесната температура, туку и влијае на крвниот притисок. Ако сте изложени на светлина ноќе, производството на мелатонин е потиснато. Како резултат на тоа, вашиот крвен притисок се зголемува. Редовните флуктуации, пак, можат да го зголемат ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.
3. Може да се здебелите.
Вишокот вештачка светлина во текот на ноќта може да биде причина за успорен метаболизам. Покрај тоа, нарушувањето на спиењето и циркадниот ритам може да доведат до зголемување на телесната тежина. Студијата која следеше над 43.000 жени откри дека оние што спијат со вклучен телевизор забележале зголемување на телесната тежина. Промената се случила без оглед на квалитетот или времетраењето на нивниот сон.
4. Може да предизвика хормонални промени.
Дури и еден извор на светлина може да го промени хормоналниот баланс. Светлината од паметни телефони, телевизори или компјутери придонесува за недостаток на мелатонин. Покрај тоа, и другите биолошки процеси се нарушени, но поголемиот дел од времето, мелатонин е тој што страда прв.
5. Може да страдате од депресија.
Едно истражување покажа дека изложувањето на светлина во текот на ноќта го зголемува ризикот од депресија. Нарушувањето на деноноќниот ритам најверојатно ќе ги влоши веќе постоечките симптоми на депресија. Интересно е што црвеното светло има помалку штетни ефекти бидејќи сме помалку чувствителни на црвените бранови должини.