Што може да значат линиите на вашите нокти?

Габична инфекција
Габична инфекција на нокти (онихомикоза) е многу честа – афектирајќи еден од десет. Габичните инфекции се лоши на изглед. Ноктот станува задебелен или безбоен; може да пожолти, да стане кафеафкаст, портокалов или во бела боја. Може да има и црни делови на крварење, како резултат на траума, или делови со темно зелена боја како резултат на бактериска инфекција. Ноктите може да станат кршливи или да се дробат, трошат.
Атопичен дерматитис
Тоа е воспаление на кожата апри кое се јавува сув, црвен осип при што кожата се лупи и кој обично многу чеша. Понекогаш од осипот може да излегува течност или да се создаваат красти. А на ноктите може да изгледа како на сликата погоре.
Голем стрес
Ноктите исто така даваат показатели на стрес. Така да доколку вашите нокти ве предупредуваат реагирајте на време и иако знаеме дека не е лесно да немате стрес, сепак треба да знаеме да се носиме со него.
Недостаток на железо
Покрај изгледот на ноктот други знаци дека имате недостаток на железо се: постојано сте бледи, исцрпени сте, брзо останувате без воздух, срцето ви чука побрзо од вообичаено, имате чести главоболки.
Природно стареење на ноктите
И ноктите стареат, па со текот на времето поради ослабената циркулација може да се смени нивниот изглед.
Алергиска реакција
Алергијата е абнормална реакција на имунолошкиот систем на организмот на контакт со супстанции кои нашето тело ги смета за туѓи. Па и вашите нокти можат да дадат знаци дека сте алергични на нешто.

Коментирај анонимно