Што може жена да ти направи: Британец одлучил да го „продаде својот живот“ на „eBay“, откако се развел од сопругата – сега живее на ненаселен остров што го купил сам
Еден човек го продал својот живот на „eBay“ пред повеќе од 15 години по една темна случка во неговиот живот.

Британецот Иан Ашер (60) го напуштил Дарлингтон откако успеал да го продаде „целиот свој живот“, кој го вклучувал неговиот дом со три спални соби и сè во него, автомобил, мотор, џет ски, сето тоа во Перт, Австралија. Ова се случило по болниот развод, бидејќи сфатил дека му се гади од работата и неговиот дотогашен живот.
Тој на крајот прифатил понуда од 399.300 американски долари и иако очекувал повисоки понуди, тој признал дека „не жали“. Првично, Ашер имал аспирации да патува, велејќи дека „би сакал да оди на врвот на Ајфеловата кула“ како „една од огромната листа на работи“ што сакал да ги направи.
Само шест години подоцна, Бен Фогл го нашол Британецот откако се пресели на пуст остров на Карибите, каде Ашер открил дека е посреќен од кога било во својот нов живот.

Во една епизода од документарецот на Бен Фогл: Нови животи во дивината, Британецот се појавува заедно со партнерката Ванеса на нивниот тропски остров, Бокас дел Торо, веднаш до брегот на Панама, каде што објасни: „Отсекогаш сум бил малку авантурист и така отсекогаш поминував многу време во активности на отворено, како што се качување, кану и нуркање“.
Иако можеби немал вода или струја, тој можел да ги извршува сите три активности на отворено.
Ашер сподели: „Ние одгледуваме кокос, ананас, јука, шеќерна трска и бадеми, но сè уште не сме ја усовршиле уметноста на одгледување друг зеленчук на нашата плодна земја. Имаме 10 кокошки кои слободно шетаат на островот, така што нашите јајца се целосно органски. Понекогаш локалните Индијанци носат свежо уловена риба на пристаништето за да ја купиме. Сè друго доаѓа од супермаркетот во градот или џунглата на Ерни 7/11 – мала продавница на работ на џунглата“.

Ашер го купил тропскиот остров во 2011 година за 27.500 долари, кога бил обраснат и запоставен, и потрошил четири години работејќи на негово подобрување. Ашер, исто така, објасни дека на секои 10 дена, тие одат во градот за храна и гориво, додека рече дека девојката Ванеса Андерсон, која ја запознал при посетата на Лондон, направила голема разлика во неговиот живот откако се преселила да живее со него.
Зборувајќи за тоа што му недостига од дома, тој рече дека освен семејството, му недостига само неговиот џет-ски, заедно со подобрата WiFi конекција и излегувањето со пријателите и семејството во пабови.
Тој додаде: „На Ванеса сè уште ѝ недостига капучиното во лондонски стил, но мислам дека наскоро ќе го преболи тоа. Не би менувал ништо – навистина уживав да градам дом надвор од мрежата и да живеам на островот. Отсекогаш мислев дека животот би требал да биде авантура“.

Коментирај анонимно