Што порачуваат фудбалерите на Манчестер Јунајтед кога одат во ресторан? Замислете не е варен стек и ориз

Кога размислуваме за оброците на професионалните фудбалери, најверојатно на ум ни паѓа овесесна каша со овојше, варен стек со зеленчук и можеби ниско маслен јогурт наместо пудинг.

Сепак, добро е да се види дека играчите на Премиер Лигата, исто како нас, сакаат да се почастат со хамбургер и чоколади.

По неодамнешна посета на Форган, ресторан во Данди, Шкотска, во јасноста излезе листа со нарачки на секој фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Има некои одлични избори, на пример пилешко за предјадење, ребра за главно јадење и пудинг од карамела за десерт на Том Херон, но има и некои навистина необични нарачки.

Мојот омилен дел од листата е необичниот избор на “нормален леб” како предјадење за Давид Де Геа, Лис Грант, Ентони Маршал и Лук Шо.

Не е наведено што е толку “нормално” за овој леб, па можеме да претпоставиме дека станува збор за потпечено лепче исечено на кришки. Се восхитувам и на изборот на Хари Магуир кој нарачал шунка како предјадење.

Неизбежно, тука има и неколку катастрофални одлуки.

Најлошиот сторител тука е несомнено Мејсон Гринвуд. Тој нарачал стек, и замислете без предјадење и десерт. Во негова одбрана, се одлучил и за помфрит, но штетат е веќе направена.

Некои од посмешните избори се чизбургерот „само со кашкавал“ на Џеси Лингард, не е јасно што имал на ум, но не звучи многу вкусно.