Што прави жената по цел ден? (виц)

Сопругот се враќа дома од работа. Детето седи н подот, мрсулаво, со преполнета пелена и треска со еден капак по мрсна тава. Играчките му се расфрлани рамномерно низ целиот стан. Насекаде има празни пакувања од што ли не. Мијалникот е преполнет со нечисти садови полни со остатоци. Кујната целата е испрскна со бебешка храна. Ручек нема, го отвора фрижидерот – празен. Жена му крева поглед од екранот на мобилниот телефон и ведро му се насмевнува.
Сопругот:
– Што е ова?
Сопругата:
– Сега ќе ти објаснам. Секој ден кога се враќаш од работа ме прашуваш „Што правиш по цел ден?“ Е, денес не правев ништо, за друг пат да не ме прашуваш.