Што сакаат мажите? (виц)

Жената му вели на мажот:
– Одам до супермаркет. Сакаш ли нешто?
Тој:
– Сакам да му додадам смисла на животот. Го барам патот до сонуваниот успех, кој ќе ми ја исполни душата… Сакам да сум едно со Севишниот… Да го откријам присуството на духовното во човечкото битие, до достигнување на совршена хармонија…
– Аха, а може ли да бидеш поконкретен?
– Една марула и шише ракија.