Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? (виц)

Гостите го прашуваат малиот Лука:
– За што ќе учиш кога ќе пораснеш?
– За инженер!
– Браво, браво! – го храбрат гостите, пријатно изненадени од одговорот. – А зошто сакаш да станеш инженер?
– За да бидам келнер како вујче!