Што се обидува да Ви каже Вашата желба за изневерување?

Низ процесот на разбирање на самиот чин на изневерување и дали моногамната врска е соодветна за секој поединец, не водат експерти од таа област и луѓе кои се соочиле со самиот чин.

24-годишната Светлана, режисер и сценарист, кога го видела своето момче после првото затворање поради ковидот, сфатила дека воопшто не ѝ недостасувал, туку напротив, многу подобро се чувствувала додека била без него. После двегодишна врска, седум месеци биле разделени. Токму тогаш Светлана дошла до сознание дека повеќе не е вљубена во своето момче и сака повеќе простор за себе, а исто така и дека не сака да дава објаснувања никому за својата одлука и своите чувства.

Но, кога ја запознала пријателката на својата цимерка, Светлана се изненадила од влијанието на сопствената привлечност врз другите. Истражувајќи ја својата чудна наклонетост према жените, дури тогаш почнала да дознава какво е чувството кога се изневерува некого. И покрај тоа што ништо не се случило, сепак самото тоа чувство ѝ паднало многу тешко.

Истражувањата кои се бават со динамичната природа на изневерувањата секогаш даваат различни резултати. Според студијата од 2017 година објавена во списанието Сајнс Директ, неверството е главната причина за развод, а мажите и жените имале речиси исти стапки на изневерување. Но, според друга студија од Институтот за семејни студии (ИСС) покажа дека мажите имаат поголема веројатност да изневеруваат како што стареат, особено по 30 години.

Авторката Алиша М. Вокер, за потребите на својата книга, интервјуирала 46 мажи кои ги изневериле своите партнерки. Во однос на тоа таа рече „Многу луѓе изневеруваат поради некоја незадоволена потреба; имаат нешто без кое едноставно не можат да продолжат и затоа не сакаат да ја прекинат инаку среќната, љубовна врска“.

Таа вели дека самиот чин на изневерување не може да се дефинира ниту како „правилен“, ниту пак „погрешен“. Погрешно е кога партнерот кој изневерува ја игнорира комплетната личност на изневерената страна, а со тоа нанесува поголема штета. Доколку некој се одлучи да изневерува, треба да се информираат двајцата партнери и секој да си заземе свој став, за во иднина никој да не биде повреден.

Доколку се најдете во искушение да изневерите, имајте на ум неколку забелешки:

1. Не ја обвинувајте жртвата

Според Палави Барнал, советник за интимни врски, не секој што изневерува е „сторител“, а изневерената страна „жртва“. Неговата изјава гласи: „Треба да разбереме дека изневерувањето има долга историја колку и самиот брак. Обвинувањата помеѓу „сторителот“ и „жртвата“ се неконструктивни и контрапродуктивни“. Според него, доколку се одлучи некој да изневерува, пред сѐ треба да сфати дали се работи за минлива привлечност или пак нешто подлабоко. Според брачниот советник Шветамбара Сабхарвал пак, не е добро да се срамат од себеси оние кои изневеруваат, бидејќи со тоа си прават повеќе штета отколку корист.

2. Мудро изберете го вашиот систем за поддршка

Во случајот со Светлана, нејзиниот нагон да биде со жена е всушност клучниот за да ги сфати разните нијанси на љубовта. Според неа, секоја врска е различна, па оттаму произлегуваат различните причини за изневерување кои не можат да ги разберат другите.

3. Комуницирајте јасно

25-годишната Шреја, која работи како експерт за решавање на проблеми, вели дека почнала да се чувствува запоставено во врската со својот партнер, а вниманието што го добивала од колегата на работа, само дополнително ја зголемувалоо рамнодушноста кон него. Не го изневерила својот партнер, туку јасно му кажала за своите чувства бидејќи сакала да си ја зачува врската. Според неа, само со искрен и јасен разговор се доаѓа до решение кое ќе биде поволно за двете страни. Партнерот треба да има јасна слика за тоа од каде произлегува потребата да се изневери својот емотивен партнер.

4. Прашајте се зошто сакате да изневерувате

Според Барнвал, изневерувањето можеби е плод на некои неостварени фантазии, кои можеби се суштински за оживување на емотивната врска. Во тој правец, брачниот советник Сабхарвал рече: „ Треба да се запрашате кои се вашите незадоволени потреби. Дали избегнувате нешто во вашата моментална врска или барате одобрение или потврда од друга? Бидете искрени со себе за ова. Одделете ги фактите од фикцијата“.

5. Нурнете длабоко во себе доколку се наоѓате во заплеткана врска

Според Барнвал, во заплеткана врска, партнерите ја губат својата индивидуалност и здравите граници. Но, многумина претпочитаат заплеткани врски и изневеруваат , бидејќи се чувствуваат задушени и си бараат сопствен личен простор. 22-годишниот адвокат Арвинд ја раскинал својата врска, бидејќи неговата партнерка го притискала секојдневно да дава гаранции за неговата верност. Тоа му предизвикувало главоболки на Арвинд и самиот однос станал многу токсичен.

6. Изградете систем на вредности

И покрај неподносливата посесивност на својата партнерка, Арвинд не ја изневерил, бидејќи имал однапред изграден систем на вредности. Нивната врска се базирала на љубов и грижа и токму затоа не сакал да си ги погази сопствените вредности. Брачниот советник Сабхарвал вели дека системот на вредности се темели на доверба и донесување правилни одлуки, а притоа да не се саботира самиот себеси. Тој систем на вредности е неопходен за да се избегне импулсивно дејствување. Понатаму советува: „ Треба да се запрашате каков живот сакате да живеете, кои се поголемите очекувања од врската или бракот, а потоа соодветно да го структурирате вашиот систем на вредности“.