Што се случи кога девојката од 120 кг престана да ги јаде омилените слатки

Џозефин Дегранд од Квинсленд, Австралија помина низ неверојатна трансформација која не влијаеше само на нејзиниот изглед, туку и на целиот нејзин живот. Таа целиот свој живот била склона на прекумерена тежина и јадела многу слатки и нездрава храна. Во најкритичниот момент имала 120 килограми.

„Јас секогаш бев буцка. Јас и моето семејство сакаме да јадеме, така што дома секогаш имаше чипс и чоколадо. Но, еден ден се погледнав во огледало и видов дека сум трипати поголема.“, вели Џозефин. Откако почнала да следи Инстаграм се инспирирала од луѓе кои ослабнуваат и одлучила и таа да го стори истото. За 3 години ја постигнала својата трансформација и според неа затоа што се откажала од нејзиниот најголем порок, слатките.

„Не можам да верувам дека девојката на фотографиите сум јас. Никогаш нема да се вратам во таа состојба, бидејќи мојот живот е целосно променет.“, вели Џозефин.