Што се случи со Шон Пен? Фановите шокирани од изгледот на холивудската ѕвезда и контроверзната изјава што ја даде за Вуди Ален, обвинет за злоупотреба на посвоената ќерка

Холивудскиот актер Шон Пен (64) предизвика лавина реакции по гостувањето во подкастот на Луис Теру. Фановите беа шокирани од неговиот „изморен“ и „изгребан“ изглед, со подочници, разбуричкана седа коса и црвено модринкасто дамче на носот. На социјалните мрежи го коментираа како „да има 90 години“ и „да изгледа како стара кожена торба“.

Но уште поголема бура предизвика неговата контроверзна изјава во одбрана на режисерот Вуди Ален, кој е обвинет од поранешната партнерка Миа Феро за злоупотреба на нивната ќерка Дилан во 1992 година.

 

Пен рече дека не верува во обвинувањата и дека би работел повторно со Ален „без двоумење“. Тој додаде:

„Не знам ниту еден психијатар што слушнал за педофилија да се случи само еднаш… За мене, постпубертетски, консензуални врски се сосема друг разговор.“

Изјавата на Пен беше оценета како „бомбастична“ бидејќи доаѓа во време кога многу актери се дистанцираат од Ален поради #MeToo движењето.

Во меѓувреме, Шон Пен се враќа на филмското платно во септември во новиот филм на Пол Томас Андерсон – One Battle After Another, со Леонардо Дикаприо и Бенисио дел Торо.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *