Што се случува ако дишете преку уста наместо преку носот
Верувале или не, новороденчињата не можат да дишат низ устата. Меѓутоа, откако ќе го поминеме обележјето од 6 месеци, откриваме дека всушност постои друг начин на дишење. Иако дишењето низ уста функционира добро, долгорочно може да биде многу поштетно за нас. Еве зошто не треба да му ја земате примарната функција на носот.
1. Вашето лице ќе се измени
Ако дишете преку устата, на крајот ќе почнете да забележувате дека вашето лице ја менува својата структура и расте напред и надолу. Тоа е позабележително кај децата бидејќи нивните лица сè уште растат. Како што дишете преку устата, вилицата и образите се стеснуваат. Тоа, пак, предизвикува промена во обликот на вашиот нос.
Дополнително, може да развиете тесни ноздри и поголем преден залак.
2. Почнувате да се грбавите
Ако дишете преку устата, несвесно ја навалувате главата напред и рамената ви се спуштаат. Како резултат на тоа, добивате подгрбавена поза која се развива како начин за отворање на дишните патишта.
3. Вашите заби страдаат
Дишењето преку уста негативно влијае на усогласувањето на вашите заби. Многу деца кои претпочитаат да дишат преку уста, подоцна добиваат искривени заби и погрешно загризување. Се менува и држењето на усните во мирување и положбата на јазикот, а ортодонтскиот третман станува комплициран, особено кога станува збор за носење протеза.
4. Потешко ви е да спиете
Во вашето тело влегуваат помалку кислород и повеќе јаглерод диоксид. Како резултат на тоа, повеќето од вашите телесни системи страдаат. Освен тоа, поголема е веројатноста да ‘рчите и да се лигавете, како и да страдате од хроничен недостаток на кислород и апнеја при спиење. Се препорачува дури и да се залепи устата навечер, за да ви помогне да дишете низ носот.