Што се случува ако случајно оштетите скапоцена слика или артефакти во музеј

Без разлика дали сте посетител или вработен, музеите имаат решенија во случај некој случајно да оштети уникатни артефакти. Тие работат навистина напорно за да ги заштитат сите свои ремек-дела, користејќи различни техники, како на пример посебни заштитни стакла.

Ние сме подготвени да откриеме како музеите се справуваат со ваквите ситуации.

1. Ако на скршите нешто во музеј, вие не плаќате за штетата.


По ненамерно оштетување на уникатно уметничко дело, како слика, скулптура или вазна, музејот е одговорен за реставрацијата. Тие се големи институции и како такви, тие навистина внимаваат што чуваат внатре. Поради ова, тие имаат посебни полиси за осигурување. Овие договори опфаќаат сè што можете да замислите.

Од таа причина, музејот може да ве натера да пополните документи за осигурителни цели. И, иако тие би можеле да ви забранат пристап во музејотј, ова е исклучително ретко. После тоа, полисата за осигурување ќе се погрижи за сите трошоци потребни за обновување, без оглед на тоа што е потребно и колку ќе трае.

2. Ако уништите незаменливи артефакти, тие само ќе ве искараат.


Кога посетувате музеј, треба да бидете внимателни. Без разлика дали сте несмасни или не, може да скршите нешто важно. Но, не мора да се грижите премногу.

За музејот, сите посетители се гости, така што тие не се финансиски одговорни за трошоците за реставрација. Дополнително, музеите имаат средства за да им помогнат да ги покријат трошоците за реставрација.

3. Ако оштетите нешто и сте вработен во музејот, ова се случува.

Можеби имате доволно среќа да ги поминете деновите работејќи во музеј, опкружени со неверојатни уметнички дела и уживајќи во историјата. Исто како и на секое друго работно место, дозволено ви е да правите грешки, но тие можат да бидат поскапи од нормалните. Во 2014 година, вратар во италијански музеј фрлил парче модерна уметност во ѓубре.

Тоа било несвесен потег, па музејот ја разбрал ситуацијата. За негова среќа, музејот имал посебна полиса за осигурување во случај вработен да оштети уметничко дело. Само да се надеваме дека тој оттогаш е повнимателен!

4. Музеите даваат се од себе за да избегнат несреќи и еве неколку примери.

Со децении, музеите ги подобруваа своите методи за заштита на уметничките дела. Музеите како Гети  (во Калифорнија) се отпорни на оштетување од пожар благодарение на нивните бетонски sидови.

Музејот на американската уметност Витни во Њујорк изгради посебен ѕид против поплавување по ураганот Сенди во 2012 година за да спречи потенцијална поплава од реката Хадсон. Исто така, сите стакла, без оглед дали се на прозорците или пред слика, има специјален слој за блокирање на УВ зраци. Ова е многу важно бидејќи УВ зраците можат многу да им наштетат на боите во сликите.