Што се случува кога не седите мирни во авион и сакате да ја отворите вратата сред лет

Стјуардесите на летот на „Американ ерлајнс“ се соочуваат со критики за нивниот необичен метод за справување со непослушен патник, откако се појави видео снимка што покажува како тие залепиле жена за седиштето за време на летот.

Патникот, наводно, имал „нервен слом“ додека авионот бил во воздух и се обидел да ја отвори вратата на предниот дел на авионот.

За време на инцидентот, што се случил на летот од Далас Форт Ворт, Тексас до Шарлот, Северна Каролина, во САД, жената почна да ги напаѓа членовите на екипажот, обидувајќи се да ги изгребе и да ги гризне додека врескала дека треба да „се симне од овој лет“.

Американ ерлајнс потврдија дека стјуардесите го „задржале“ патникот додека летот безбедно не стигнал до својата дестинација, но видеото објавено од друг патник покажа дека наместо да користат вообичаени методи, екипажот ја залепил жената за нејзиното седиште, дури и ѝ ја залепиле устата со селотејп за да не вреска.

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!