Што се случува со вашето тело ако постите 36 часа? Детален временски преглед на влијанието на „фастингот“ врз органите
Иако постењето не е за секого – ниту треба да биде – многумина тврдат дека 36-часовниот пост може да му овозможи на телото „целосен ресет“. Доколку се практикува безбедно и со доволна хидратација, се смета дека секој час носи различни здравствени придобивки, според д-р Хилц.
Се разбира, ваков пост не се препорачува за секого и задолжително е да се побара лекарски совет пред да се започне. Но, еве како изгледа ефектот врз телото, час по час, според симулацијата на YouTube каналот Wellness Wise.
Содржина:
Проблеми со постењето
И покрај бројните тврдења за здравствени придобивки, научната потврда кај луѓето е ограничена. Повеќето истражувања се вршат на животни. Како што вели професорот Џејмс Бетс од Универзитетот во Бат за The Guardian, „има многу предлози за придобивките од согорување масти, но кај луѓето не се забележани драстични резултати, особено на краток рок“.
Прва фаза
По 4 часа
Нивото на инсулин почнува да паѓа, а телото почнува да ја согорува складираната гликоза. Ова е т.н. „анаболна фаза“, каде телото претежно гради мускулно ткиво.
По 8 часа
Нивото на шеќер во крвта опаѓа и телото ја користи резервата на гликоген за енергија. Ова е „катаболна фаза“, каде се троши енергија од претходните оброци.
По 12 часа
Почнува согорување на масти поради дополнително намалување на инсулинот – процес познат како „кетоза“.
По 16 часа
Се активира автофагија – процес во кој клетките ги рециклираат сопствените оштетени делови (протеини, органели) за одржување на енергијата и здравјето. Физичката активност го засилува овој процес.
Втора фаза
По 24 часа
Започнува интензивна клеточна поправка, воспалителните процеси се намалуваат, а телото станува поосетливо на инсулин.
По 30 часа
Нивото на хормонот за раст значително се зголемува, што помага во заштита на мускулната маса и поттикнување на согорување масти.
По 36 часа
Се достигнува врвна автофагија – телото темелно се чисти од мртви клетки, регенерира ткива и го зајакнува метаболизмот. Ова е фазата на „целосен ресет“.
Коментирај анонимно