Што се случува со вашиот мозок ако не користите телефон само три дена? Одговорот ќе ве изненади
Само 72 часа без користење мобилен телефон можат значајно да влијаат на мозочната активност, покажуваат најновите научни истражувања. Не сте единствените што се чувствуваат малку засрамени кога ќе погледнете колку време е потрошено на бескрајно „скролање“ по социјалните мрежи.
Целта е да се најде нешто шокантно, вознемирувачко или интересно – нешто што ќе го „испука“ допаминот, хемикалијата која ни предизвикува чувство на задоволство.
Слично како коцкање во казино – постојано „влечеш“ со надеж дека ќе „погодиш“, а токму непредвидливите мали добивки нѐ тераат да продолжиме.
Ова однесување беше добро објаснето во документарецот „The Social Dilemma“ од 2020 година. Но, нешто што тој филм не го истражи доволно е – што се случува со мозокот кога ќе престанеш да го користиш телефонот три дена.
Што точно беше истражувано?
Во новата студија со наслов „Ефекти од ограничување на паметен телефон врз нервната активност поврзана со сигнали“, научници од Универзитетите во Хајделберг и Келн (Германија) истражувале како дури и краток период без телефон влијае на мозокот.
Во студијата учествувале 25 млади лица (на возраст од 18 до 30 години), на кои им било дозволено само основно комуницирање – целосно бил забранет пристап до социјални мрежи, освен за работа.
„Користевме подолг временски пристап за да ги следиме ефектите од ограничување на паметни телефони кај корисници,“ стои во трудот. „Пронајдовме врска помеѓу промените во мозочната активност и невротрансмитерите поврзани со зависност.“
Што покажале резултатите?
По 72 часа без телефон, скенирањата на мозокот покажале промени во деловите одговорни за наградување и желба (craving) – истите делови што се активираат и кај зависност од алкохол или никотин.
Тоа значи дека телефонот, особено одредени активности на него, може да предизвика зависност.
Сепак, научниците нагласуваат дека не е секоја употреба на телефон еднаква. Скролање на TikTok и видеоразговор со родителите не се исто по влијание врз мозокот.
„Нашите податоци не можат да ја раздвојат желбата за користење телефон од желбата за социјална интеракција – нешто што денес е речиси исто,“ додаваат тие.
Потребни се уште многу истражувања за да се разбере како точно смартфоните и социјалните мрежи го обликуваат нашиот мозок.
„Иако нашите резултати се релативно јасни, потребни се идни студии што ќе ги разделат тие аспекти,“ заклучуваат истражувачите.
„Откриените нервни механизми можат сериозно да придонесат за развој на зависничко однесување кај луѓе што се изложени на ризик од прекумерна употреба на телефони.“
Коментирај анонимно